Жесток план за масакр: Протекоа детали за планираниот терористички напад во Австрија

Роден е во Австрија, а неговите родители се од Македонија. Кој е 19-годишникот кој е главниот осомничен за планирање на нападот за време на концерт на американската ѕвезда, Тејлор Свифт, во Виена?

Засега не е објавен неговиот идентитет, а од она што е познато тој се радикализирал преку интернет и се заколнал на верност на Исламска Држава. Негови пријатели требало да работат таму како чувари, пишува денеска австрискиот весник „Куриер“. На тој начин, тие би имале пристап до различни локации околу местото на одржувањето на концертот.

Весникот дознава дека 19-годишникот планирал да го забие својот автомобил во десетиците илјади фанови кои стоеле пред стадионот Ернст Хапел за време на концертот, а потоа да нападнат со мачети и ножеви и на крајот да активираат бомба направена од украдени хемикалии.

Се верува и дека тинејџерот тесно соработувал со 17-годишен Австриец, а се истражува и нивното опкружување.

Потврдено е дека информациите за нападот стигнале од странските тајни служби, а како што пренесоа некои американски медиуми, американските тајни служби ги информирале своите австриски колеги за опасноста.

08.08.2024 - 12:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега