Жичарницата на Средно Водно со продолжено работно време
Жичарницата на Средно Водно, почнувајќи од утре 1 април 2022 година, ќе работи еден час повеќе, односно од 10 до 18 часот, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје.
Согласно ковид-протоколите, во кабина е дозволен превоз до четири лица и задолжително е носење на заштитна маска.
Повратен билет чини 100 денари, а на Жичарницата е дозволен и превоз на домашни миленичиња.
Трите автобуски линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б) за време на викенди и државни празници се бесплатни за сите граѓани.
Секој понеделник и секој последен вторник во месецот за Жичарницата се неработни денови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа