Жител на Илиноис добил 9,2 милиони долари од тикет кој не го сакал

 

Жител на американската сојузна држава Илиноис купил, поради расипана машина, тикет за еден вид лотарија што не го сакал, но сепак му донела добивка од 9,2 милиони долари.

Човекот, кој не сакал да биде именуван, рекол дека бил ден како и секој друг, купил намирници и се упатил кон излезот од продавницата кога решил да купи тикет за игра, пишува магазинот „Пипл“.

Машината не сакаше да ми даде тикет за играта на среќа што ја посакував. Бев разочаран и се прашував што се случува“, рече тој, додавајќи дека машината се заглавила на играта Лото.

Како што рече, сепак одлучил да го купи тикетот што му го подарила машината, со кој добил добивка од 9,2 милиони долари.

 

„Не можев да верувам. Ја погледнав сопругата, а таа остана без зборови. Се смеевме колку сум лут на расипаната машина, а сега сме толку благодарни што се заврши вака“, изјави среќниот добитник.

21.10.2024 - 18:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега