Жителите избезумени: Нов силен земјотрес ја погоди Турција

Земјотрес со јачина од 5,2 степени денеска ја погоди Турција. Според информаиците од Европскиот медитерански сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на 11 километри јужно од Малатија.

Земјотресот бил на длабочина од 5 километри и е од регионот на истото епицентрално подрачје каде беше и катастрофалниот земјотрес од 6 февруари, а во кој загинаа над 44.000 лица во Турција и Сирија.

27.02.2023 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега