Жугиќ: ДКСК да го испита случајот со набавка на дронско снимање на Шилегов

Функционерите продолжуваат да си делат тендери помеѓу себе. Па така Петре Шилегов му дал тендер во вредност од еден милион денари на партнерот на Мила Царовска со цел снимање со дрон на зелените површини на територија на Градот Скопје. Договорот е потпишан од Петре Шилегов како градоначалник, изјави Јелена Жугиќ, советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.

Жугиќ прашува дали во случајот со тендерот за летање на дрон на партнерот на Царовска играле улога и некои други фактори?

-Факт, година дена живееме во за жал нескротлива пандемијата. Факт, непотребните расходи треба и мора да се сведат на минимум со цел да се даде акцент пред се на она што е потребно за борба против пандемија. Прашање, дали овој тендер за летање со дрон е неопходен за борбата со вирусот, како и избраната фирма добитник?! Во една паралелна реалност, драги мои сограѓани, сите сме вакцинирани, Градот Скопје секојдневно на граѓаните им донира маски, ракавици, средства за дезинфекција, за тестирање не се чека повеќе од пет минути, болничките капацитети се празни и нормално Шилегов како приоритет избра со милион денари да лета дрон над скопското зеленило, скопска идила. Убаво звучи оваа паралелна реалност, но за жал, таа за нас со оваа влада апсолутно е недостижна. Да се вратам на суровата реалност и од името на советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Град Скопје да упатам јавен повик до државната комисија за спречување криминал да отвори предмет и да го испита во целост тендерот за летање со дрон, истакна таа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.03.2021 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега