Златко Ориѓански со емотивен статус: Аспасија Софијанова го спаси животот на мојата ќерка

 

Композиторот Златко Ориѓански вчера објави емотивен статус на неговиот Фејсбук-профил, во кој се ѝ заблагодарува на проф. д-р Аспасија Софијанова што го спасила животот на неговата ќерка.

Во објавата тој пишува дека различностите помеѓу него и докторката во моментите кога се лекувала неговата ќерка не биле важни, истакнувајќи дека „животот е сепак, над се“.

„Аспасија Софијанова e врвен, светски лекар, ноќеска го спаси животот на моето дете. Таа е идеолошки, вмро, јас сум контра вмро, таа Влаинка, јас, Македонец. Дал тоа беше важно во тој момент? Не!

На крајот, таа ми подари своја книга, јас и подарив моја музика. Животот е сепак, над се! Мора овие работи да ги разбистриме, осветлиме, да не мешаме баби и жаби, за добро на сите нас“, напиша Ориѓански.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.11.2020 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега