Злато вредно 13 милиони евра украдено од аеродромот во Торонто
Канадската полиција истражува кражба на злато и вредни предмети во вредност од околу 13,5 милиони евра од аеродромот во Торонто.
„Златото и многу скапите предмети пристигнале во понеделникот вечерта со авион и биле истоварени во хангарот. Контејнерот во кој се наоѓале вредните предмети е украден од магацинот“ рече на прес-конференција претставник на локалната полиција.
Детали за начинот на кражбата и осомничените не се соопштени.
Медиумите објавија дека од аеродромот исчезнале повеќе од 1,6 тон злато, што би вредело многу повеќе од 20 милиони канадски долари (13,5 милиони евра) колку што наведуваат властите дека вреди скапата пратка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа