Златото достигна нов рекорд: Цената порасна за речиси 500 долари
Цената на златото достигнува нови историски врвови.
Изминатата година цената на златото постојано уриваше рекорди. Оваа година започна со историски максимум од 2.050 долари, а секој месец достигнуваше нов максимум.
Сегашната светска берзанска цена е околу 2.520 долари за унца, што е раст од речиси 500 долари за само осум месеци од годинава, а се очекува годината да ја заврши со нов рекорд.
Цената на овој благороден метал за две децении скокна за 800 отсто.
Според аналитичарите, побарувачката за инвестициско злато во Америка и во Кина се третира како една од најбезбедните и најодговорните набавки. Побарувачката за инвестициско злато во првиот квартал годинава скокна за 68 отсто во однос на лани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа