Змија влезе во студентски дом: Студентите ја приклештиле со врата

 

Змија вчера попладнето влегла во мензата во студентскиот дом „Стив Наумов“ во населбата Автокоманда во Скопје, објави агенцијата Мета.мк.

Фотографиите од змијата приклештена на врата испратиле студенти сместени во домот.

Директорот на Државниот студентски дом Скопје (ДСД Скопје), Виктор Велевски за Мета.мк потврди дека змијата влегла во студентската менза и дека се запознаени со настанот.

Тој додава дека е потребно да се одржува теренот и околу студентскиот дом „Стив Наумов“, затоа што е загрозена безбедноста на сите граѓани на општината, а не само на студентите кои се сместени во домот.

28.05.2024 - 18:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега