Знаци што укажуваат на болен црн дроб: Честата појава на модринки е аларм
Црниот дроб извршува важна функција во телото, затоа што помага да се исфрлат штетните материи од организмот. Ако дојде до нарушување на неговата функција, може да се појават сериозни проблеми, кои честопати се фатални.
Лекарите честопати напоменуваат дека симптомите на заболување на црниот дроб често се скриени, што доведува до тоа пациентите да пристигнат доцна на преглед, често со оштетување што е невозможно да се санира. Меѓутоа, и покрај тоа, со досегашните истражувања се утврдени неколку показатели што можат да укажуваат на нарушување на функцијата на црниот
дроб. Ако ги имате, добро би било да посетите лекар и да го проверите вашето здравје:
– Жолтеникава кожа и белки во очите;
– Хроничен замор или прекумерен замор;
– Болка и оток во стомакот (особено на долната десна страна);
– Необјаснето чешање на кожата;
– Тенденција за лесно создавање модринки;
– Едем или оток на нозете и глуждовите;
– Губење на апетитот;
– Лесни модринки.
Треба да се напомене дека поради тешкотиите во утврдувањето на дијагнозата, потребно е да се појават неколку симптоми истовремено, да траат подолг временски период и да е забележливо влошувањето, па дури тогаш дефинитивно да се посомневаме на болест на црниот дроб. Болеста најчесто се јавува поради консумирање големи количини алкохол, но и поради внес на солена храна, намирници богати со шеќер и газирани пијалаци. Во светот сè повеќе луѓе имаат т.н. безалкохолна цироза на црниот дроб, која е резултат на лошите животни навики.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа