Знаете ли колку често треба да се менува четката за заби –ова истражување го откри одговорот

 

Ако предолго ја користите четката за заби, тоа може да го загрози вашето здравје. Едно истражување открива колку често треба да ја менувате четката за заби.

Идеално би било таа да се менува на секои шест до осум недели, особено доколку сте личност која врши поголем притисок при четкање на забите.

Четката за заби треба да се замени и кога ќе забележите дека влакненцата почнале да се трошат, иако можеби не поминале шест недели.

Центарот за контрола и превенција на болести смета дека четката за заби треба да се менува најмалку на секои три до четири месеци, иако постојат исклучоци.

Доколку четката за заби не се менува доволно често, може да бидете изложени на ризик. По „истекот на рокот“ на четките може да се задржуваат бактерии кои може да доведат до инфекции, собирање на наслаги што доведува до кариес и болести на непцата.

Кога сте болни исто така потребно е да ја замените четката за заби.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.10.2020 - 23:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега