Зошто Кејт Мидлтон никогаш не зборува за дислексија и депресија јавно? За тоа има болна причина – нејзиниот брат Џејмс
Изгледа како семејството Мидлтон да живее совршен живот, но Џејмс Мидлтон е доказ дека сите привилегии не носат секогаш нужна среќа ви животот.
Најмладиот од трите деца во семејството Мидлтон е 34-годишниот Џејмс Мидлтон, но тој секогаш бил во сенка на славните сестри Кејт и Пипа, но сепак неговата приказна е необична.
Тој се школувал во Универзитетот во Единбург кој го напуштил по само две години. Своевремено изјавил дека сака да се занимава со произведување на торти и колачи, а денес тој е бизнисмен кој постигнал голем успех во животот.
Вниманието од медиумите поради животот на сестрата Кејт никогаш не го сакал, па уште на почеток на нејзината љубовна врска со Вилијам наутро ги купувал сите весници во округот во кој живееле за никој да не чита за нив.
Тој самиот изјавил дека не е подготвен да живее со толкаво внимание од медиумите, а и неговиот претходен живот бил далеку од идеален.
Како мал дијагностицирана му била дислексија, а депресијата била неговата животна мака.
Џејмс зборувал како популарноста на Кејт го ставила под лупа на јавноста, а тоа го правело да се чувствува притиснат од сите страни. Поради тоа одредено време го „исклучил“ семејството од својот живот.
Депресијата ја нарекол „канцер на умот“, па искрено проговорил како во последната година се борел со депресија и последиците од неа.
„Депресијата е тоа што ве држи во кревет, а тоа прави да се чувствувате виновни што сте таму“.
Едно утро тој стигнал на работа и сфатил дека не може да излезе од автомобилот. Го повикал својот доктор:
„Се сеќавам само дека не бев во состојба да објаснам ништо. Докторот ме праша: Џејмс, дали си добри? Му реков: Не, не сум!“.
Инаку, денес братот на Кејт Мидлтон живее среќен живот и натаму не се експонира во јавноста, а верен ѝ е на Французинката Елизи Тевент.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа