Зошто не боли глава штом се промени времето: Д-р Бисерка откри која група луѓе имаат ваков проблем - откри како да се излечите
Докторка од општа праска зборувала за настанокот, симптомите и лекувањето на метеопатијата.
Ако промената на времето ве погоди како чекан во глава, не сте сами. Метеопатијата е реално заболување, но често слушаме дека не ни е ништо, дека не е можно времето да неи влијае, а оние кои страдаат од ова пореметување ќе речат дека се чувствуваат како мамурни и болни и дека тегобите им се изразени.
Како лекарите ја дефинираат метеопатијата и како сами на себе да си помогнеме, објаснила докторката од општа пракса д-р Бисерка Обртадовиќ за Прва ТВ.
„Временските промени, и тоа наглите, влијаат на електромагнетните бранови кои понатаму делуваат на хипоталмусот на мозокот, под негово влијание е хипофизата и таа го лачи хормонот на стрес, а помалку ендорфин, хормонот на задоволство. Добиваме напнатост, нервоза, анксиозност, главоболка, вртоглавица, лош сон, поспаност во текот на денот...Се чувствуваме лошо, имаме болки во мускулите и зглобовите“, рекла таа.
Докторката советува како да се ослободите од овој проблем.
„Не останувајте долго во кревет, побарајте излез, одете во природа, бидете повеќе активни, шетајте... Барем тој лек, кој е најдобар и непроценливо вреден, ќе помогне. Пушачите, нека намалат на цигарите, секоја цигара која ќе се запали ги стеснуваат крвните садови наредните 15 минути. Тие се стеснуваат и поради времето, а ние со цигарите дополнително ги стеснуваме. Намалете на енергетски напитоци, нема лек кој може да ја замени физичката активност, а таа може да замени многу лекови“, рекла таа.
„После 5 километри брзо одење секој ден, по некои истражувања, ги намалуваат дозите лекови за притисок. Што повеќе се престојува во природа, шетањето, што повеќе свежа храна, овошје, зеленчук којх се јаде помеѓу четири и шест часа. Магнезиумот, калциумот, цинкот, го зајакнува имунитетот и помага“, вели докторката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа