Зошто ни трепери окото: Дали и кога има причина за грижа?
Треперењето на окото може да биде прилично често и обично не треба да ве загрижува.
Состојбата на привремено или долготрајно треперење на окото се нарекува миокимија на капакот и е резултат на рефлекс од погрешниот пренос на невроните кои ги стимулираат вашите мускули.
Постојат неколку вообичаени причини поради кои најчесто се случува да ни трепери очниот капак:
-стрес
-вишок кофеин
-дехидрација
-замор
-напрегање на очите
-алкохол
-суво око
-проблеми со исхраната
-алергии
Во ретки случаи треперењето на окото може да биде знак и за одредени проблеми предизвикани од мозокот и нервите, но тогаш треперењето на окото го следат и други знаци и симптоми.
Побарајте лекарска помош доколку треперењето на окото трае подолго од две недели, доколку треперењето на окото се префрла во треперење и на други делови од лицето, а очите ви се црвени, потечени или имаат исцедок.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа