Зошто оженетите мажи се екстремно привлечни за жените, а пак мажите полудуваат од мажените жени?
Зошто зафатените жени или мажи се толку привлечни за некои? Во денешниот свет, каде што сите сме преокупирани со многу обврски, многумина бараат само забава и повремено „дружење“ во кревет. На овој начин сакаат да ги задоволат своите природни потреби без да создаваат подлабоки врски и обврски кон партнерот.
Можеби звучи чудно, но некои мажи навистина претпочитаат вакви врски без емоционална поврзаност, а тоа уште повеќе ги возбудува и им го подига егото кога жената е со друг маж. Покрај мажите, има и жени кои преферираат и бараат оженети мажи поради истата причина – секс без обврски и подигање на самодовербата.
Слободните луѓе кои бараат ваков вид „забава“ ги привлекува – стабилност, сигурност и лојалност.
Истражувањата покажуваат дека бракот е животна цел за повеќето мажи и жени. Ако жената не може да најде идеален партнер, може да го сврти вниманието кон маж кој е оженет. Во него таа наоѓа идеал, маж со кој можеби таа врска еден ден би можела да прерасне во нешто повеќе, па тој наместо љубовник да и стане сопруг.
Од друга страна, слично е и кај мажите. Оние кои доживеале дефект во претходната врска кај мажена жена, наоѓаат стабилност и лојалност. Мажите по природа се ловци, па затоа често им е предизвик да имаат нешто што некој друг веќе го освоил.
Аферата не е добар избор ниту за мажи, ниту за жени. Повеќето луѓе од нив излегуваат повредени. Дури и ако таа личност го напушти својот сопружник поради вас, тешко дека во вашата врска ќе владее довербата. Секогаш ќе постои тој мал сомнеж дека може да ви се случи истото што му се случило на оној пред вас.
Аферата е нешто што може да се случи во секој брак. Верувањето дека тоа е невозможно е самозалажување. Ако тоа се случи, неопходно е да се размисли со ладни глави. Ако ви е важно зачувувањето на вашиот брак, фокусирајте се на него, на зајакнување на љубовта, довербата и лојалноста.
Сепак, ако аферата се повтори, тоа може да биде знак дека е време секој да тргне по својот пат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа