Зошто Спасовден е најсреќниот ден во годината - што никако не смеете да правите на овој празник

 

Денеска православните христијани го празнуваат Христовото вознесение – Спасовден, кој се паѓа четириесет дена по Велигден, а во Македонија има голем култ. Утре именден празнуваат: Спасе, Спасија, Спаска…

Празникот на Христовото вознесение – Спасовден спаѓа во големите христијански празници, се празнува 40 дена по Велигден и секогаш е во четврток. Четириесет дена по воскреснувањето Исус им се јавувал на своите ученици и ги подготвувал за нивната идна активност. Во овој период луѓето сè уште се поздравуваат со христијанскиот поздрав „Христос воскресе“ (Христос воскресна) и си отпоздравуваат со „Воистину воскресе“ (Навистина воскресна).

Празникот Вознесение Христово се празнува во спомен на вознесувањето на Исус Христос на небото. Четириесеттиот ден по Воскресението Исус за последен пат им се јавил на своите ученици, ги собрал на едно место, во селото Витанија, биле единасетмината (бидејќи Јуда по предавството се об*сил) и им соопштил дека сè уште не треба да одат од Ерусалим зашто наскоро врз нив ќе слезе Светиот Дух и ќе ги исполни со сила. Со таа сила вие ќе крштевате, како што свети Јован крштеваше со вода, им рекол тогаш Исус. Потоа се подигнал и облак го кренал на небото, а тој застанал до Богот Отец. На местото пак, каде што стоел останала длабнатина од неговите стапала.

Местото од кое Исус се вознесол на небото веднаш станало култно место. Светото предание запаметило дека на тоа место долго се познавале отисоците од неговите стапала, а царицата Елена (мајката на царот Св. Константин) наредила тука да се изгради голема и убава црква којашто подоцна била урната од Сарацените.

За овој празник се врзани многу верувања и суеверија, кои во некои краишта сѐ уште се почитуваат. За Спасовден се ко леле јагниња, а старите верувале дека од Нова година до Спасовден не треба да се пие млеко.

Се верува дека на Спасовден мажите не треба да се бричат, жените да се мијат, а децата да се бањаат. На Спасовден никако не треба да се спие преку ден, за да не бидете мамурни преку целата година.

Крстот е составен дел од ритуалот на Спасовден. Луѓето во некои делови сè уште веруваат дека на денот на Спасителот, секој мора да направи крст од гранчиња на лешници кој потоа се поставува на ливади, полиња или на покривите од домовите.

На овој ден е обичај да си замислите драга личност, да искинете ливчиња од цвеќе и полека да повторувате: „Ме сака – не ме сака“. Последното ливче што ќе остане, го крие одговорот на прашањето.

10.06.2021 - 19:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега