1 година постоење на Ротари клубот Скопје Север

 

Ротари клубот Скопје Север ја прослави првата година од своето постоење со виртуелен настан на кој се направи ретроспектива на сите проекти кои беа сработени во изминатата година, но и на актуелни проекти на кои се фокусирани. 

Ротари клубот Скопје Север е основан на 29.11.2019 година во Скопје и функционира со 25 членови - професионалци од повеќе области и лидери во заедницата подготвени своите вештини и можности да ги стават во служба на заедницата во која битисуваат. На настанот покрај членовите и пријателите од другите Ротари клубови во земјава, присуствуваа и претставници од институции со кои Ротари клубот Скопје Север соработуваше изминатата година.

„И покрај тоа што постоиме само една година, особено сме горди што успеавме да реализираме неколку проекти за поддршка на заедницата, како донација на аудиометар за ЈЗУ Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас, Скопје; два проекти наменети за штитениците од специјалниот завод Демир Капија со кои им се обезбедија неопходни средства, како и проект за поддршка на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби за справување со Ковид-19, а учествувавме и во проектот организиран на ниво на Сојуз на ротари клубови во Македонија со кој заеднички обезбедивме материјали за полесно справување со Ковид-19. Нашиот клуб останува посветен на поддршка на заедницата со цел да изградиме подобро општество за сите“ – изјави Ернест Дебрешлиоски, претседател на Ротари Клуб Скопје Север за Ротаријанска година 2020/2021.   

Ротари клубот Скопје Север го најави и реализирањето на својот нов проект наречен „Светот преку сетилата“ преку кој ќе помогне да се опреми сензорната соба на посебното основно училиште „Д-р Златан Сремец“. „Сензорната соба е специјално дизајнирана соба која се користи во терапевтски цели кај лицата со посебни потреби, со цел да ѝ се помогне на личноста да ги развие сетилата и перцепцијата, најчесто преку светло, музика и реквизити и опрема. Благодарни сме на Ротари клубот Скопје Север за своите заложби за поддршка на нашето училиште“ - истакна директорката на училиштето Марија Делетиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.12.2020 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега