Драма во Македонија: Вооружен до заби како Рамбо се шетал низ улици
Вистинска драма се одвивала во Радовиш кога жител облечен во воена униформа со пиштол и пушка се шетал низ градот и сеел страв.
Според информациите на МВР, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода 49-годишниот А.У. од Радовиш кој на улицата „Шаин маале“ во Радовиш бил затекнат како се движи во воена униформа со ремен со пиштол, лисици и дрвена палка, а во рацете имал и пушка.
При обид да биде лишен од слобода ги фрлил предметите и почнал да бега. Сепак, бил фатен и лишен од слобода.
Од страна на полициски службеници биле пронајдени и одземени предметите кои лицето ги фрлило при бегството, односно една пушка, еден војнички ремен, кожна футрола со еден пар лисици за врзување, метална цевка, футрола со три куршуми за сигнален пиштол, метална рамка со пет капси, пиштол идр..
Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа