105-годишна Американка постави рекорд на 100 метри во Луизијана
Џулија Хокинс (105), попозната како „Жена ураган“ постави рекорд на трка на 100 метри во Луизијана за возрасната група на која ѝ припаѓа, јави Би-би-си.
Таа успеала да ја заврши трката за нешто помалку од минута и три секунди (1:02:95), поставувајќи рекорд во категоријата 105+.
Сепак, неверојатната баба по трката изјави дека е малку разочарана од резултатот: „Беше одлично да се учествува на трката, но сакав да ја завршам за помалку од минута“.
Таа додаде дека ја поддржуваат многу пријатели и семејството, но и дека особена мотивација наоѓа во тоа што нејзиниот успех ги инспирира другите луѓе да трчаат.
Таа истакна дека поради тоа ќе продолжи да трча додека може.
„Сакам да трчам. Сакам да се бавам со овој спорт уште долго време. Мој совет е – ако сакате да стареете здрави и среќни тогаш треба да трчате!“, весело изјави рекордерката по трката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа