СДСМ бара вонредна седница за хаосот во јавниот превоз

 


Советничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата, во Град Скопје, денеска до Претседателот на Советот на Град Скопје, поденесе барање за свикување на вонредна седница заради сериозноста на проблемот со приватните превозници. 

Додека претседателот на Советот, Трајко Славески и градоначалничката Данела Арсовска си ја префрлаат топката кој е крив и кој треба да го реши проблемот, скопјани повторно се оставени на цедило да кубурат со нередовен и дотраен јавен превоз, велат од СДСМ. 

„Наместо да се грижат за граѓаните, 3 години ВМРО ДПМНЕ се кара и води инает со градоначалничката Арсовска, истата Арсовска која промовираа за најдобра менаџерка и ветуваа дека Скопје ќе биде модерна метропола, со бесплатен превоз и нови 250 автобуси. 

Не видовме ниту модерен град, ниту модерен јавен превоз. Напротив, јавниот превоз е во катстрофална состојба, а градот задушен во ѓубре. Граѓаните оставени сами да се снаоѓаат за превоз. Одговорноста за хаосот со јавниот превоз во Скопје е директна вина на советниците на ВМРО ДПМНЕ кои во континуитет одбиваат да гласаат за набавка на нови еко автобуси. Дури сега се сети премиерот Мицкоски да набавува само 100 автобуси, за кои да биде поголем апсурдот, не се предвидени пари во новиот Буџет. 

До кога мислите да ги лажете и да се изживувате со граѓаните?“, прашуваат од СДСМ.

Советничката група на СДСМ и коалицијата во Град Скопје, повикува итно да се свика вонредна седница и да се реши проблемот со приватницте превозници, овој превоз им е потребен на граѓаните. Воедно, ги повикуваме сите останати советници да ја поддржат иницијативата.

28.11.2024 - 16:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега