12 уапсени во Кочани: Полицијата ги „фатила живи“ на комар
12 луѓе се уапсени доцна синоќа откако во помошна просторија во Кочани биле „фатени живи“ како се комарат.
-Денеска во 02.00 часот, по претходна наредба од Основен суд Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани извршиле претрес во помошна просторија од куќа во Кочани и поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „комар“ по член 398 од Кривичниот законик, од слобода биле лишени С.А.(35), А.К.(32), И.М.(44), М.П.(33), Д.Д.(30), К.З.(36), З.М.(43), М.П.(35), П.Е.(28), В.Д.(37), О.В.(46) и Г.С.(34), сите од Кочани. При извршениот претрес биле пронајдени и одземени пари, мобилни телефони и чипови, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа