Стјуардеса ја преживеа авионската несреќа во Јужна Кореја: Од едниот од моторите излегуваше чад, а потоа
Претпоставувам дека причината за несреќата е судир со птица, изјави едната од двајцата спасени членови на екипажот за локалните медиуми, додека потврдениот број на загинати расте и веќе е над 160 лица.
„Од едниот од моторите излегуваше чад, а потоа дојде до експлозија“, изјави Ку, стјуардеса на 20-тите години, за новинската агенција „Јонхап“.
Другиот преживеан, стјуардот Ли (33), изјавил дека не се сеќава на околностите на несреќата.
На преглед кај лекар во болницата, тој наводно прашал: „Како завршив овде?
„Го носев безбедносниот појас пред слетувањето, се чувствував како авионот да ќе слета, но после тоа не се сеќавам на ништо“, додаде.
Според весникот Aju Business Daily, Ли се здобил со фрактура на левото рамо и повреди на главата.
Двајцата преживеани се во болница на лекарска помош.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа