2 необични симптоми на дијабетес: Речиси никогаш не би помислиле да ги поврзете со зголемено ниво на шеќер во крвта

 

Симптомите на висок шеќер во крвта можат да бидат прикриени, а еден знак е поврзан со тегобите во респираторниот систем.

Високото ниво на шеќер во крвта најпроверено ќе го откриете доколку го измерите нивото на гликоза во крвта, меѓутоа постојат и некои симптоми кои укажуваат дека проблемот постои.

Најпознат показател за зголемено ниво на шеќер во крвта е зголемена жед, а неколку знаци се однесуваат и на појавата на тегоби во респираторниот систем. Хроничната кашлица и краткиот здив можат да бидат знак за лошо регулирање на шеќерот кај дијабетес тип 2

Студија објавена во списанието „BMC Pulmonary Medicine“, го набљудувала влијанието на дијабетес тип 2 и симптомите поврзани со респираторните болести.

Па, така се докажало дека краткиот здив кој го ограничува темпото на одење по рамна површина, е чест симптом кај луѓето со дијабетес тип 2, без оглед на годините. А, хроничната кашлица со искашлување се појавува главно кај луѓето со старосна доба од 46 до 64 години (оние кои боледуваат од дијабетес).

Меѓутоа, кај уште постарите лица (75-84 години), овие симптоми делумно се придушени.

Покрај тоа, самите пациенти без оглед на годините, пријавуваат зголемена диспнеа (отежнато дишење), како резултат на зголемена телесна тежина.

Така истражувачите заклучиле дека кај луѓето кои патат од високо ниво на шеќер во крвта, краткиот здив и хроничната кашлица, вклучуваат и зголемено ниво на слуз, многу почесто од лицата кои не патат од таква болест.

„Очигледно дека дијабетес е предупредување на процес на стареење на белите дробови кој се гледа во општата популација. Зголемената појава на отежнато дишење со зголемен индекс на телесна маса меѓу лицата со дијабетес тип 2 може да предизвика и кардиоваскуларни и респираторни оштетувања кај овие пациенти“, открила студијата.

14.02.2022 - 22:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега