Ограбен екс потпретседателот на СДСМ - му го украле сефот и го олесниле за 50.000 евра
Ограбен екс потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи, му го украле сефот и го олесниле за 50.000 евра.
Фатмир Битиќи за ORA24.TV потврдил дека дека имало кражба во неговиот дом.
„Да... Не би зборувал за детали“, одговори Битиќи за ORA24.TV.
Како што дознава ORA24.TV, утрово околу 03:20 часот се случила тешка кражба во домот на пратеникот на СДСМ и поранешен заменик премиер, Фатмир Битиќи. Според извори на ORA24.TV, е украдена метална сеф каса во која наводно имало златни предмети и часовници во вредност од 3.100.000 денари. Исто така, украдена е и една фасцикла, за која се смета дека содржела документи со класифицирани информации.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа