4-годишно дете забило ножици во главата на сестричката
4-годишно момче тешко ја повредило својата сестра Нонг (10) по расправија во семејната куќа во Тајланд.
Таа не сакала да си игра со него, па тој зел ножици и и ги забил во главата, пренесува Метро.
Во куќата бил и нивниот дедо Јарун Р.(50), кој слушнал врисоци и плач.
Девојчето е пренесено во болница, а лекарите успеале да и ги извадат ножиците од главата.
По интервенцијата, девојчето било задржано два дена на лекување, а потоа пуштено дома.
Сечилото навлегло во черепот 2,5 сантиметри, но не предизвикало дополнителни повреди.
Подоцна роднина на семејството изјави дека момчето во моментот на инцидентот се преправало дека е лик од ТВ серија и ножиците ги фрлил кон сестра си.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа