4 знаци дека сте прележале омикрон, а не сте ни знаеле: Првиот знак е најважен

 

Новиот сој на коронавирус, омикрон, влијае врз горниот респираторен систем, што значи дека белите дробови кај повеќето луѓе заразени со омикрон се поштедени. Сепак, тоа со себе носи симптоми што тешко е да се разликуваат од обична настинка, па луѓето честопати не се тестираат.
Ако во последно време сте биле болни, а не сте се тестирале, овие знаци би можеле да укажуваат на тоа дека сте имале токму омикрон.

Досега, температурата, кашлицата и загубата на сетилото за мирис, беа сигурни знаци дека имате ковид. Тоа се промени со омикрон. Сега најчести симптоми се болно грло или пецкање во грлото, течење слуз од носот, главоболка, умор, болки во телото. Професорот Тим Спектор, шеф на студија што ги следи симптомите на ковид, вели дека сите луѓе со овие симптоми би требало да се тестираат.

1. Сите во семејството се разболеле еден по друг

Респираторните вируси генерално се многу заразни, но ковид-19 моментално е најдоминантниот во светот. Исто така, за омикрон се покажа дека се пренесува многу полесно од претходните варијанти и тешко е да не се зарази некој кој бил во контакт со заразено лице. Па така, ако сте биле болни и сте забележале дека сите дома се разболуваат еден по друг, најверојатно станувало збор за омикрон.

2. Проблеми со дигестијата

Според најновите извештаи, заразените со омикрон пријавуваат дека имале дигестивни проблеми. Повраќањето, мачнината и губењето апетит се поврзуваат со омикрон.

3. Опаѓање на косата во големи количини

Алопецијата или опаѓањето на косата е вообичаен симптом кај многумина што прележале коронавирус. Експертите ова му ги припишуваат на емоционалниот стрес, на ослободувањето проинфламаторни цитокини, како реакција на телото на вирусот. Па така, ако одеднаш сте забележале дека многу ви опаѓа косата, а не сте се тестирале, можно е да сте прележале зараза со омикрон.

4. Инфекција на окото или јадеж

Според истражувачите, очната инфекција или чудниот јадеж на ножните прсти може да биде знак дека сте прележале омикрон.

Иако се благи, ако ги почувствувате овие симптоми, останете дома, изолирајте се и следете ги симптомите. Носете маска и држете дистанца, особено од оние најранливите.

03.02.2022 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега