44 години од смртта на Трајко Прокопиев, македонски композитор и диригент
Истакнатиот македонски композитор и диригент Трајко Прокопиев, почина на 21 јануари 1979 година во Белград.
Непосредно по ослободувањето го формирал Пејачкиот хор на ГШ на НОВ на Македонија, а во 1945 година станал прв директор на Средното музичко училиште во Скопје.
Тој бил еден од главните организатори на музичкиот живот во Македонија. Меѓу другото, бил главен музички уредник на Радио Скопје, диригент на Симфонискиот оркестар на Операта при МНТ, а од 1958 година до 1964 година го водел Ансамблот за народни игри и песни на Македонија “Танец”.
Роден бил во Куманово, на 6 ноември 1909 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа