50% поевтини влезници за студентите за влез во сите културни установи

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и претседателот на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Александар Николовски потпишаа меморандум за соработка, со кој се предвидува намалување на цената на влезниците во националните културни установи за 50%.

За исполнување на истото, студентите ќе треба да приложат индекс со заверен семестар на влезот на установата.

Министерката Костадиновска-Стојчевска по потпишувањето на Меморандумот изјави дека со ова вложуваат во идните генерации и претставуваат пример како понатаму треба да се регулираат нивните права и обврски.

“Она што до сега беше регулирано само на ниво на установи, сега го регулираме на ниво на цело Министерство, со тоа што на локалните установи само ќе им укажеме дека оваа мерка ја потпишавме, потоа тие ќе одлучат како понатаму ќе постапат. Студентите односно младите беа и се во фокус од самиот почеток на мојот мандат, тоа го предвидовме и во Законот за култура, кој што е во работна верзија, каде што предвидовме нула работно искуство, односно категории со нула работно искуство, при што им овозможуваме на студентите да можат веднаш да се вработат во некоја од националните установи“, рече министерката Стојчевска.

Претседателот на Универзитетското собрание при УКИМ изјави дека ова е дел од програмата на Универзитетското студентско собрание за подобрување на студентскиот стандард и студентските можности во нашата држава.

01.02.2024 - 19:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега