7 дена пиела вода со лимон на празен стомак: Веќе шестиот ден забележала необична појава на своето тело
Сите слушнале за овој рецепт, а една девојка одлучила да ја провери неговата делотворност.
Џанлука Русо се согласила на предизвикот една недела да пие само вода со лимон. Веројатно и сами сте читале за многуте лековити својства на лимонот, кој се споменува и како природен антибиотик, благодет за имунитетот, природен антисептик, ги ублажува болките во грлото и менструалните болки. Според некои, водата со лимон помага во борбата против акните.
Русо една недела наутро на празен желудник пиела 2,5 дл. вода со половина лимон и на крајот на предизвикот забележала дека кожата ѝ е почиста и посветла.
„Некои рецепти кои ги најдов, велат дека водата треба да биде топла, но тоа искрено не ми беше убаво и се одлучив за посвежата опција. На мое изненадување, брзо ги видов резултатите. Лицето ми се исчисти од акните, дури и од помалите, потемните пигментациски флеки и кожата ми беше речиси беспрекорна. Без воспаленија и вишок себум и без нови темни флеки. Освен тоа, стана многу помека на допир и многу посветла“, го опишала таа своето искуство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа