8 Март - меѓународен ден на жената: Се што треба да знаете за утрешниот празник

 

Меѓународниот ден на жената 8 март се празнува утре. Главно се одбележува со подарување кон своите најблиски од женскиот пол, меѓутоа историјата на овој празник кажува дека треба да потсетува на загрозените права на вработените жени.

Одбележувањето на овој празник почнува на почетокот од 20 век кога во Светот владееле индустријализацијата и економската експанзија, притоа доведувајќи до протести поради лошите услови за работа. Во 30-тите години некои држави престанале да го одбележуваат овој ден, но во 1975 година ОН почнале официјално да го одбележуваат.

Денот на жените се одбележува во сеќавање на пожарот во текстилната фабрика Триангл Шртвеист, кој се случил во Њујорк во 1911 година. Тој ден загинале над 140 жени. Првите јавни демонстрации на жените вработени во индустрија за облека и текстил се случиле на 08.03.1857 година во Њујорк. Тогаш реагирала и полицијата да ги растера демонстрантите, а нешто подоцна тие жени основале синдикат.

Протести продолжиле да се случуваат во следните години. Првата меѓународна женска конференција е одржана во данскиот град Копенхаген во 1910 година во организација на Социјалистичката Интернационала. Празникот е утврден на предлог на славната германска политичарка и борец за човекови права Клара Цеткин. Празникот идната година зема замав, и се одбележува во Австрија, Данска, Германија, Швајцарија. Првиот ден на жената бил прославн на 28.02.1909 година во САД.

Демонстрациите на жените, биле првиот знак на руската револуција. По Октомвриската револуција, болшевичката феминистка Александра Колонтаи го убедила Ленин 8. март да стане државен празник. Во текот на советскиот период тој се користел за одбележување на херојството на работничките.

Државите на Запад Денот на жените престанале да го одбележуваат во 1930-тите години, во дел и поради тоа што го поврзувале со комунизмот. Но, триесетина години подоцна повторно почнал да се слави. Од 1975 година Обединетите нации почнаа официјално да го одбележуваат Меѓународниот ден на жената.

07.03.2023 - 18:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега