Четири пожари се активни: Два во Делчево, по еден во Берово и Липково
На ден 07.09.2025 година, до 12:00 часот, на територијата на Р.С.Македонија има вкупно 9 пожари на отворен простор, од кои активни се 4, под контрола се 2, и изгаснати се 3.
АКТИВНИ: 4
1. Општина Берово: Дрџински рид, м.в. Стојковото, с. Русиново (дабова, букова шума и папрат)
2. Општина Липково: с. Никуштак (нискостеблеста деградирана шума и дабова шума)
3. Општина Делчево 1: с. Косово Дабје (мешана шума)
4. Општина Делчево 2: с. Драмче
ПОД КОНТРОЛА: 2
1. Општина Гази Баба: Вардариште (ѓубриште)
2. Општина Виница: Фабрика Винчини – Макпрогрес (фабрика)
ИЗГАСНАТИ: 3
1. Општина Берово: над туристичка населба Абланица (висококвалитетна борова шума)
2. Општина Делчево: с. Ѕвегор (сува трева)
3. Општина Куманово: Агино Село (сува трева)
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа