96-годишниот милијардер ја откри тајната на долг и среќен живот – најмудрото нешто кое може да го направите за себе

 

Чарли Мангер (96) е најпознат по тоа што е долгогодишна „десна рака“ на легендата Ворен Бафет чие што богатство се проценува на 1.7 милијарди долари.

Покрај својата улога покрај Бафет, Мангер е претседател на издавачот „Daily Journal“ и член на управата за малопродажба „Костко“.

Едно од најчестите прашања со кои што Мангер се сретнува е „во што е тајната на долгиот и среќен живот, во негов случај и исклучително успешен“.

Неодамна милијардерот одговорил на тоа прашање и тоа со низа „едноставни совети“.

- Не бидете премногу завидни; 

- Не бидете премногу незадоволни; 

- Не трошете повеќе отколку што заработувате; 

- Без оглед на своите проблеми, останете ведри; 

- Соработувајте со доверливи луѓе; 

- А, вие правете го тоа што треба да го правите – тоа што е ваша работа.  

Неговиот рецепт е логичен. „Мудро е да останете секогаш ведри“, вели Мангер, а за да го направите тоа важно е да се ослободите од негативните чувства.

„Дали може да бидете весели кога апсолутно сте потонале во длабока омраза и огорчување? Секако дека не можете. Па, зошто тоа да го прифатите?“, изјавил милијардерот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.12.2020 - 22:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега