Турк: Гладувањето на цивилното население во Газа е воено злосторство
Високиот комесар на ОН за човекови права, Волкер Турк, предупреди на целосен колапс на виталната помош во Појасот Газа и рече дека гладувањето на цивилите во енклавата, за која е одговорен Израел, може да претставува воено злосторство.
-Секое користење на гладувањето на цивилното население како метод на војување е воено злосторство, како и сите форми на колективно казнување, рече Турк.
Тој ја повика меѓународната заедница да преземе мерки против хуманитарната катастрофа. Само судовите можат да утврдат дали се извршени воени злосторства.
Израел од почетокот на март ги блокира сите испораки на помош во Газа. Пекарите остануваат без брашно и гориво за печките, додека болниците веќе им снема лекови и материјали за лекување на рани.
Израел ја обвинува палестинската терористичка организација Хамас за злоупотреба на средствата за помош и продажба на цивилното население по високи цени.
Израел изјави дека нема да дозволи никакви испораки на помош сè додека Хамас не ги ослободи сите израелски заложници. Израелски извори наведуваат дека уште 24 заложници, како и телата на 35 киднапирани, се држат во крајбрежната област
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа