Абдиџику: Курти се шета во Јапонија кога 320.000 деца се надвор од училиштата

Лидерот на опозициската партија Демократски сојуз на Косово, Љумир Абдику го нападна косовскиот премиер Албин Курти.

Курти замина за Јапонија во период кога образованието во Косово е во тешка состојба.

„Тој човек не знае да владее. Никогаш во Косово, во време на мир, наставата не била прекината толку долго. Ова веќе не е нормално. Никој не смее да биде оштетен толку лесно од државата“, вели Абдиџику.

27.09.2022 - 13:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега