Адеми: Верувам во капацитетот на селектираните кадри во новиот состав на владата

Пратеникот од ДУИ Арбер Адеми во својот говор истакна дека денеска ќе гласа ЗА и дека ќе ја поддржува новата Влада во целиот мандат бидејќи, како што рече, верува во кадрите кои се предложени да раководат со министерствата.

-Уверен сум дека не само, тоа што ќе го почнат дека ќе го завршат, туку и тоа што е почнато ќе го завршат, истакна Адеми.

Тој потсети и на оствареното во последните три години и рече дека сите ќе го запаметиме датумот кога ја исполнивме стратешката цел, кога пристапивме кон НАТО и кога ги започнавме преговорите со ЕУ, а и ќе се сеќаваме и на историското покачување на платите.

 Адеми истакна дека во храмот на демократијата има тежина при одржување на седници, а денес се бира новиот владин состав. Тој потврди дека ќе гласа за новиот состав на владата, бидеќи зад себе имаат остварено добри резултати.

- Од денешната седница, гласаме старо-нова коалиција од два главни политички субјекти ки владееле и в минатото и постигнале исклучително високи резултати. Има брз напредок во националните дрѓавни интереси во нецелосно заокруен мандат. Резултатите се евидентни, и сметам дека треба да се гласа овој владин состав и јас лично ќе ја подржам оваа нова влада, бидејќи верувам во капациететот на селектираните кадри. - рече Адеми.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.08.2020 - 15:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега