Аеродром не толерира загадување: Правно лице заработи казна од 10.000 евра за палење отпад


Општина Аеродром изрече парична казна во висина од 10 илјади евра на правно лице за палење отпад на отворен јавен простор.

Имено, при вонреден инспекциски надзор извршен на 24 септември на бул. „Видое Смилевски-Бато“ бр. 13, е затекнат отпад од остатоци од градежни материјали што бил спален од страна на фирма подизведувач во градежни активности.

Станува збор за повреда на Законот за управување со отпадот, поради што Одделението за инспекциски работи изрече глоба за правното лице во висина од 10 илјади евра во денарска противвредност.

Општина Аеродром апелира до физичките и до правните лица да не прават вакви прекршоци, со кои се предизвикува загрозување на животната средина, животот и здравјето на луѓето.  Токму затоа, секое вакво однесување ќе биде ригорозно казнувано.

Истовремено, ги повикуваме жителите доколку забележат несовесно однесување, веднаш да пријават кај нашите служби, затоа што само на тој начин ќе можеме сите заедно да си ја зачуваме околината во која живееме, работиме и во која ги одгледуваме нашите деца.

27.09.2024 - 13:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега