Мицкоски за загадувањето од Дрисла: Денеска МВР ќе се позанимава со проблемот, виновниците ќе бидат изведени пред лицето на правдата

 

Премиерот Христиjан Мицкоски денеска ја коментираше ситуацијата со ЈП Дрисла, од каде веќе неколку дена извира густ чад и Скопје се соочува со загаден воздух.

Мицкоски рече дека Владата и надлежните институции работат на решавање на проблемот, а од денеска во депонијата влегува и полицијата.

„Како влада и институции ги преземеме сите мерки, да немате дилема. За Вардариште имаме осомничени лица, кои се приведени и за кои се покажа дека ја користеле илегалната депонија да произведуваат метали, за подоцна нелегално да ги продаваат. Таму од вчера има приватно обезбедување ангажирана од неколку општини, обезбедивме градежна механизација и ќе биде во полн состав и Вардариште е обезбедено, останува Дрисла. Што се однесува до Дрисла, беше санирана вчера, но од некои чудни причини пред крајот на ноќта повторно се распламна, и денеска таму ќе се позанимава МВР. На линија сме со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, и очекувам проблемот да биде саниран. Јас сочувствувам со секој граѓанин кој го чувствува сето ова, но чудно е како во одредени јавни претпријатија каде што свои кадри има ДУИ се случуваат вакви работи. И тоа ќе го истражиме, и ќе обезбедиме соодветни докази како пожар кој беше ставен под контрола, одеднаш повторно да се распламти. И како сега кога успешно се справивме со пожарите, и покрај диверзиите, одеднаш да се случува сега пвторно пред локалните избори. Вистинското прашање е кому сето ова му одгоовара. Ќе се занимаваме со ова прашање, и сите виновници ќе бидат изведени пред лицето на правдата“, рече Мицкоски.

12.09.2025 - 11:22

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега