Ахмети го осудува обидот за атентат на Трамп: Насилството од каква било природа и форма е неприфатливо
Лидерот на Демократската унија за интеграција, г. Али Ахмети, се огласи на социјалните мрежи за нападот врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
„Најостро можно го осудувам обидот за атентат врз поранешниот претседател Доналд Трамп.
Сме покрај семејството на претседателот Трамп и американскиот народ.
Насилството од каква било природа и форма е неприфатливо!
Секој развој во Соединетите Американски Држави го чувствуваме и го доживуваме заедно бидејќи американскиот народ за нашата нација е најголемиот поддржувач и симбол на слободата, демократијата, независноста и еднаквоста.
Сочувство до семејството на жртвата и американскиот народ, а на повредените брзо закрепнување“, напиша Ахмети на Фејсбук.
14.07.2024 - 11:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа