Големи гужви на Табановце: За излез се чека до 30 минути
Интензитетот на возила на патните правци надвор од градските средини е умерен, но на Граничниот премин Табановце се забележува зголемена фреквенција за излез од државата. Времето на чекање на возилата изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини, пак, нема подолги задржувања ниту за влез, ниту за излез од државата.
АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината на движење според условите на патот, да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и да возат внимателно, особено на делниците низ котлините, речните долини и клисурите каде постои можност за одрони.
11.09.2025 - 19:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа