Ахмети: Груби не е во бегство, но нема да се појави пред одмаздничка правда

 

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети во изјава за косовските медиуми посочил дека неговиот довчерашен сопартиец, Артан Груби не побегнал, но и дека тој самиот немал контакт со него. Сепак тврди дека има информации дека Груби е во добра состојба и дека се наоѓа на албанска територија.

Лидерот на интегративците оценува дека Груби ќе се врати и ќе се појави пред органите на прогонот, „но правдата не смее да биде одмаздничка и селективна“.

Ние сме против селективна правда и употреба на навреди и клевети за дневно-политички цели и подготвени сме да одговориме во секој момент“, кажал Ахмети.

„Не избега, ќе одговара пред органите на правдата, но во договор правдата да не се злоупотребува за политички цели“, додал првиот човек на ДУИ, пренесуваат дел од медиумите во земјава на албански јазик.

30.12.2024 - 10:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега