Ѓорѓиевски и отец Оливер поделија Велигденски ручек за социјално загрозените

 

Денес, на најголемиот христијански празник Велигден, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, заедно со хуманитарната организација „Св. Спас“, предводена од отец Оливер, како и со дел од својот тим, организираше и подели Велигденски ручек за сограѓаните од социјален ризик. Во духот на празникот, со благослов, љубов и искрена грижа за секого, се испрати порака за хуманост, солидарност и заедништво.

- Христос Воскресе! Сите на овој свет сме со некоја мисија, а мојата е да има што повеќе среќни луѓе. Впрочем, тоа е големината на нашата вера и тоа е она на што нѐ учи Христос.
Велигден е празник над празниците, на победата на животот над смртта, ден на благослов, благодарност, на подадена рака и најрадосен ден.
И бидејќи радоста треба да се сподели со сите, денес поделивме Велигденски ручек за нашите сограѓани од социјален ризик, а во соработка со хуманитарната организација „Св. Спас” и нејзиниот предводник - мојот драг пријател отец Оливер, како и дел од мојот тим.
Ви посакувам честит празник и неизмерна љубов во семејството, мир и бериќет.
Посакувам сите луѓе да се среќни!
Да правиме што повеќе добрини и да не очекуваме ништо за возврат бидејќи Бог ќе нѐ награди.
Да го славиме животот и да сме благодарни за секој нов ден.
Честит Велигден, да сте ми здрави и живи!-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
20.04.2025 - 14:48

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега