Ахмети се спои со Тачи и Дудуш: Подгответе се најголемата победа до сега

Коалициски договор за парламентарните и претседателските избори во рамки на Европскиот фронт денеска потпишаа партиите од албанскиот политички блок, ДУИ, ДПА и ДЕП.

https://adsdms.mk/www/delivery/lg.php?bannerid=0&campaignid=0&zoneid=33&loc=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Fahmeti-izborite-kje-bidat-najgolemata-pobeda-shto-nekogash-ja-izvojuvale-albancite-vo-makedonija%2F&cb=3cfd378e04

Првиот човек на Демократската унија за итеграција вели дека воопшто не се сомневал во големата победа на изборите. Според Али Ахмети таа победа ќе била најголемата победа што некогаш ја извојувале Албанците во Македонија.

Воопшто не се сомневам во големата победа што Албанците од Македонија никогаш не ја извојувале, тоа ќе биде најголемата победа во историјата на независноста на оваа држава. Ова прашање трае повеќе од две години, тоа е смислувано со најголема смиреност, со најголема свесност и ова беше врвниот момент за да се собереме во фронт, а овој фронт ќе биде непобедлив и не привремен, до реализација на нашите цели, до зачленуваето во ЕУ”, рече претседателот на ДУИ Ахмети.

Претседателот на ДПА Мендух Тачи ги повика сите да се обединат на овој фронт.

„Мене ми е жал што опозицијата ја гледа оваа кампања како натпревар меѓу нас и нив, а не со главниот принцип како што го гледаме ние, за ЕУ и против Русија. Не само анкетите, туку и малите деца знаат дека на овие избори ќе изгубат убедливо, само поради ДУИ. Руското влијание е распострането во земјите од регионот, така што ние со 30 пратеници го спречуваме руското влијание во нашата земја”, рече Тачи.

Претседателот на Народното движење, Скендер Реџепи истакна дека трагите од овој фронт ќе се паметеле долго. Овој фронт според него бил суперлига и модел на успех. Според претседателот на ПДЕ Аријанит Хоџа, пак, со потпишувањето на овој коалициски договор, на раменици носеле важни процеси за државата.

 

26.03.2024 - 08:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега