Ахмети со празна помпа: Големата вест е стара вест
Ахмети бара избор на Претседател во Собранието со двотретинско мнозинство и бадентерово мнозинство. Големата вест која помпезно се најавуваше од ДУИ како да заглави во обидот да се направи сензација онаму каде што ја нема.
Ахмети, очекувано зборуваше само на албански па од она што можеше да се разбере од текстот над неговото видео , не можеше да се прочита некоја голема порака, барем не поголема од оние кои ги слушаме секој ден од ДУИ
„Кажете и не на Русија, да на Европа. Ајде да избереме Претседател со двотретинско и бадентерово мнозинство. Овие промени ги баравме и во 2016 и 2020 година.
Отворањето на уставот за претседателските измени ќе овозможи и прифаќање на Договорот за добрососедство и продолжување на европската интеграција“ – стои во текстот над видеото на Ахмети.
ДУИ за попладнево има најавено и прес конфернција на која веројатно Али Ахмети ќе го промовира Бујар Османи за кандидат за Претседател
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа