ЈКП Гази Баба доби нова механизација

 


Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со директорот на ЈКП Гази Баба Игор Атанасовски денеска ја промовираа новата механизација за ЈКП Гази Баба.

Механизацијата се состои од две возила и тоа: специјализирано возило за метење и миење на јавните површини и теренско товарно возило. Специјализираното возило, нагласуваат од Општината, ќе даде значителен придонес кон зголемувањето на чистотата на јавните површини, преку редовно метење на улиците во урбаните средини, додека товарното возило ќе биде ставено во функција на интервенции на терен во руралниот дел на општината каде што ЈКП Гази Баба има надлежност за оддржување на водоводните и канализационите системи.

-Среќен сум што од денес во функција на ЈКП Гази Баба, а преку тоа во директна служба на граѓаните ставаме две нови возила. Ова не е прва инвестиција во ЈКП Гази Баба во изминатите четири години, ЈКП Гази Баба доби значајни инвестиции во механизација и опрема, кои не само што го подобрија квалитетот на услугите, туку и го трансформираа претпријатието во модерна и ефикасна институција – вистински сервис на граѓаните, изјавил градоначалникот Стефковски.

Директорот на ЈКП Гази Баба Игор Атанасовски, пак, упатил благодарност до градоначалникот Стефковски за поддршката и инвестициите кои се реализираа во изминатиот период. 

05.06.2025 - 11:48

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега