Акцијата на МВР во Струмица ќе даде одговори за пропаста банката на Трифун Косотовски?
МВР, Основното јавно обвинителство и инспектори на УЈП вчера почнаа голема акција во која се вршат претреси по домови и фирми во Струмица, Гостивар и Скопје, а на распит се викнати бројни управители на фирми, адвокати и нотари. Официјално не се соопштуваат детали за акцијата, а неофицијално дознаваме дека се работи за голема криминална империја за затајување на даноци поврзано со пропаста на Еуростандард банката и неколку компании
Како што дознаваме, одземено е големо количество документација, но и други предмети кои се наоѓаат при самите претреси. Сомневањата се дека се работи за систем на криминална пирамида која веројатно се шири и надвор од македонските граници.
По пропаста на Еуростандард банка, сопственикот Трифун Костовски посочи дека загубата од над 60 милиони евра е последица на договори на бизнис кругот околу тогашната власт зад неговиот грб. Како што објасни, се давале кредити без покритие на фирми од Струмица и бизнисмени од кургови блиски до врвот на претходната власт.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска соопшти дека оформи предмет поради основи на сомневања за сторени кривични дела од областа на финансискиот криминал, односно „даночно затајување“ по член 279 „даночна измама“ по член 279-а и „перење пари и други приноси од казниво дело по член 273 од Кривичниот законик на група субјекти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа