Ако сте го имале овој симптом можеби веќе сте прележале корона

 

Бидејќи е добро познато дека многу случаи на ковид се асимптоматски, многу луѓе се надеваат дека веќе имале и го прележале новиот коронавирус. Ова е добра теорија, бидејќи ако е точна, тоа би значело дека лицето развило антитела и вирусот веројатно не оставил никакви последици по здравјето.

Истражувачи од Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес, откриле докази дека вирусот може да циркулирал во Америка веќе на крајот на декември, заснован на зголемување на еден вообичаен симптом на инфекцијата: кашлица.

Една нова студија, објавена во „Journal of Medical Internet Research“, откри значително зголемување на бројот на пациенти кои пријавиле респираторни симптоми уште на 22 декември во здравствените клиники во Америка.

Истражувачите испитале податоци од три болници и 180 клиники во рамките на здравствениот систем на Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес, и откриле дека бројот на пациенти кои побарале медицинска помош од кашлица се зголемил за 95 проценти.

Истражувачите го споредиле бројот на пациенти кои пријавиле кашлање со просекот за претходните пет сезони. На 1.000 посети, тие откриле дека има две посети поврзани со кашлање повеќе отколку што е вообичаено кај диспанзерите. Во меѓувреме, одделите за итни случаи забележале 19 посети повеќе од вообичаено.

Овие бројки покажуваат дека значително зголемување на бројот на пациенти со респираторни симптоми се случило од декември до февруари во Калифорнија.

Вирусот циркулираше во декември и во Европа

Најчесто прифатено мислење е дека вирусот корона потекнува од Кина во текот на декември, и дека вирусот се прошири во другите делови на светот веќе следниот месец.

Сепак, постојат и други студии кои ја поддржуваат идејата дека вирусот циркулирал многу пред тоа во Европа.

Една студија во медицинското списание „Меѓународен весник на антимикробни агенси“ известува дека првиот пациент со ковид бил регистриран во Франција веќе на крајот на декември.

Француската болница која ги испита старите примероци на пациенти со пневмонија откри дека лекувала човек кој имал болест Ковид-19 на 27 декември, скоро еден месец пред Владата да ги потврди првите случаи, откриено е во мај.

Пациентот на кој му била дијагностицирана пневмонија, целосно се опоравил, а оваа вест значи дека вирусот можеби пристигнал во Франција и Европа скоро еден месец порано отколку што се сметаше порано.

И покрај тоа што е скоро невозможно да се знае со сигурност дали сте имале инфекција на ковид во декември, студијата на Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес обезбедува убедливи докази дека луѓето кои имале кашлица кон крајот на 2019 година, биле во можност да се борат против вирусот корона на почетокот на пандемијата.

Иако истражувањето е поврзано со Америка, постои теорија дека многу Европејци кои мислеле дека имаат грип во декември, всушност имале инфекција Ковид-19.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.09.2020 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега