„Ако умрам млад, посадете ми рузмарин“ - хитовите по кои засекогаш ќе го паметиме Балашевиќ
Ѓорѓе Балашевиќ почина денеска на 67-годишна возраст. Познатиот кантавтор зад себе ја остави сопругата Оливера, ќерката јована и синот Алекса, но и ризница хитови по кои ќе го паметиме.
Најпознати хитови му се „Рингишпил“, „Девојка са Чардаш ногама“, „Свирте ми јесен стиже дуњо моја“, „Не ломите ми багрење“. Во песната „Словенска“ зборуваше за смртта:
„Ако умрам млад посадете ми на гробот само рузмарин. Не дозволете тогаш од тоа да направат тажен чин“, гласи хитот.
Балашевиќ продаде стотина носачи на звук. Неговите песни засекогаш ќе останат во срцата на неговата верна публика.
Да потсетиме, Балашевиќ пред три дена беше примен на инфективната клиника каде се лекувал од воспаление на белите дробови.
Пред неколку дена извор близок на семејството открил дека кантавторот се чувствува добро и дека се шегува со лекарите, но денес пристигна тажаната вест.
Балашевиќ е роден на 11. мај 1953 година во Нови Сад.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа