Активни 13 пожари на отворено, се гаснат од земја и од воздух

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имаше вкупно 24 пожари на отворено, од кои активни утрово се 13.

-Врз нив од рани зори противпожарно се дејствува по земја и со воздухопловна поддршка од сите летала што се во моментот на располагање и домашни и од другите земји кои испратија летала како помош во кризната состојба заради пожарите од поголеми размери во Македонија, велат од ЦУК.

Утрово вкупно активни се 13 пожари во:

-Општина Неготино: с.Калањево (каде што гориниско стеблеста шума и грмушки);

– Општина Гевгелија: Помеѓу с.Негорци и с.Кованец (мешана шума);

– Општина Радовиш: кај с.Штурово (ниско стеблеста шума);

– Општина Чашка: с.Јаболчишта и с.Дреново врв Лисец (високостеблеста вегетација)

-Општина Росоман: с.Сирково и с. Подлест (нискостеблеста шума и ниска вегетација);

– Општина Студеничани: место викано Бегово Поле (ниска вегетација и шума);

-Општина Зелениково: с.Вражале (ниска вегетација и шума);

– Општина Штип: помеѓу селата Драгоево и Селце, м.в.Хаџи Реџепи (ниска вегетација и грмушки);

-Општина Чашка: с.Габровник префрлен пожар од с.Слепче, (мешана шума и ниска вегетација);

– Општина Долнени с. Слепче и с.Гостиражни (ниска вегетација и дабова шума);

-Општина Ново Село: над с.Бадилен (дабова шума и борова шума)

-Општина Конче: кај с Горни и Долни Липовиќ (нискостеблеста шума) и во

– Општина Делчево (се уште гори градска депонија).

Вкупно изгаснати се 11 пожари на отворено

18.07.2024 - 09:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега