Активни три пожари во Македонија, вчера имало вкупно 27
Во државава се активни три пожари, а вчера имало вкупно 27, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
„Активни се пожарите кај селата Горно Количани и Драчевица во општина Студеничани, каде што е зафатена мешана шума, во село Орланци во општина Арачиново, каде што гори ниска шума, и во село Мелница во општина Велес, со зафатени борова шума и сува трева“, велат од ЦУК.
ЦУК соопштува дека се изгаснати 24 пожари, во општините Студеничани, Битола, Прилеп, Кривогаштани, Крушево, Струмица, Радовиш, Струга, Дебар, Велес, Неготино, Кочани, Куманово, Липково, Брвеница и во Гостивар. Пожарите биле на локации со сува трева, ниска шума, стрништа и депонии.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа