Мицкоски најави мега-инвестиција за решавање на проблемот со загадување

Денес имавме средби со раководството на „Казанчи Холдинг“, која преку своите енергетски компании што работат под брендот „АКСА“, преставува еден од најголемите енергетски гиганти во својата област, рече на денешната пре-конференција премиерот Христијан Мицкоски.
Со повеќе од 25 години искуство, „АКСА Енерџи“ е водечка турска компанија во енергетскиот сектор и клучен глобален инвеститор во одржлива енергија. Компанијата располага со инсталиран капацитет од над 3.500MW во 8 земји. Додека мнозинскиот сопственик на „АКСА Енерџи“, „Казанчи Холдинг“ работи во 22 земји на четири континенти, посои Мицкоски.
„Јас во минатото говорев, кога станува збор за решавање на проблемот со загадување на воздухот дека разговараме со инвеститори кои се заинтересирани за градење на когенеративни гасни централи кои всушност се единственото трајно решение за загадениот воздух. И дека се друго би значело ставање на проблемот под тепих.
Станува збор за когенеративни централи со 500MW инсталиран капацитет кои произведуваат 4,1TWh електрична енергија и 720 GWh топлинска енергија на годишно ниво.
Токму „Казанчи Холдинг“ е компанијата со која разговараме за изградба на секундарна мрежа на гас и топловодна мрежа која ќе стига до домаќинствата по исклучително поволни услови.
Приклучоците на гасоводна и топловодна мрежа се предвидуваат на 0 денари за домаќинствата, а цената на природниот гас за домаќинствата ќе биде многу пониска од онаа цена која е на берзите“, истакна Мицкоски.
Премиерот нагласи дека целиот проект, изградба на секундарна гасоводна мрежа, топловодна мрежа и когенеративните централи е димензиониран на инвестиција од над една милијарда евра.
„Оваа инвестиција не е важна само за трајно решавање на проблемот со загадување на воздухот кој е еден од главните проблеми на граѓаните за кој што сум високо свесен и за кој што ќе ве излажам ако ви кажам дека има брзи решенија, туку и за енергетскиот потенцијал на државата. Инвестициите во ова поле се гаранција и зацврстување на нашата енергетска независност која во 21 век е всушност и зацврстување на сувереноста на државата во нејзиното одлучување и водење на политика.
Разговараме за проекти кои се од темелно значење за животната средина, економијата, енергетската независност и стратешкото позиционирање на Македонија.
Разговорите продолжуваат и сигурен сум дека за брзо време ќе се договориме и ќе има конкретни чекори во реализација на нивните планови.
Само така работиме за иднината на сите граѓани, како премиер ќе дадам се од себе да се реализираат овие работи кои се од децениска и клучна важност за Македонија“, рече Мицкоски.
25.02.2025 - 18:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа